МВР

Приведен штипјанец, ги нападнал невенчаната сопруга и нејзиното дете во семејниот дом

17.02.2024 19:39

Полицијата го приведе С.С.(33) од Штип, затоа што во семејниот дом физички ги нападнал неговата невенчана 29-годишна сопруга и нејзината малолетна ќерка...

На 16.02.2024 во 19:30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.С.(33) од Штип затоа што во семејниот дом физички ги нападнал неговата невенчана 29-годишна сопруга и нејзината малолетна ќерка.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава