Временска прогноза

Времето денес претежно сончево и топло, од следната недела следуваат промени

18.02.2024 08:37

Времето денеска претежно ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а само во северните и источните делови ќе има зголемена облачност...

Времето денеска претежно ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а само во северните и источните делови ќе има зголемена облачност.

Ќе дува претежно северен ветер кој од пладневните часови наместа долж Повардарието ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од-3 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 19 степени Целзиусови. Во Скопје претпладне ќе има зголемена облачност, а потоа облачноста ќе се намалува.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до-1, а максималната ќе достигне 16 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од почетокот на наредната недела облачноста ќе се зголеми и во вторник ќе има појава на врнежи дожд.