Русија

Над 280 лица уапсени на меморијалните протести за Навални низ цела Русија

18.02.2024 08:47

Над 280 луѓе се уапсени на меморијалните протести организирани во најмалку 31 град во Русија за починатиот руски опозиционер Алексеј Навални низ цела Русија...

Над 280 луѓе се уапсени на меморијалните протести организирани во најмалку 31 град во Русија за починатиот руски опозиционер Алексеј Навални низ цела Русија.

143 лица се уапсени во Санкт Петербург и над 49 лица во Москва. Московската полиција почна да апси луѓе кои доаѓаа да остават цвеќиња на ѕидот на тагата во градот во спомен на Алексеј Навални. Многу светски лидери посочија дека рускиот претседател Владимир Путин е одговорен за смртта на Навални.

Истражителите велат дека Навални починал ненадејно. Тимот на Навални ги обвини руските власти дека се обидуваат да ги „прикријат трагите“ со тоа што одбиваат да им го предадат телото на мртвиот критичар на Кремљ на неговите роднини. Очигледно е дека убијците сакаат да ги прикријат трагите и затоа не го предаваат телото на Алексеј, го кријат дури и од неговата мајка, се вели во објавата на неговиот тим на Телеграм.