Земјоделство
Се очекува подобар род на земјоделските култури
18.02.2024 13:31
Агрономите сметаат дека условите се добри и може да се очекува подобар род на лебното зрно, житните и градинарските култури. Производителите стравуваат за пласманот...

Се очекува подобар род на лебното зрно и на сите житни култури. Временските услови се добри и со правилна прихрана може да се надеваме на добра производствена година, сметаат агрономите.
Градинарските производители стравуваат дека нема пласман на производството. Треба повеќе да се извезува, а да не се увезува. За агрономите, увозот, главно е вон сезоната на домашното производство.
Во прилепско има интерес за земање под концесија државно земјоделско земјиште.
Елизабета Митреска
