МВР

Претрес во тетовско, приведено едно лице, пронајдена марихуана

18.02.2024 10:36

На 17.02.2024 во 20.50 часот во с. Слатино, тетовско, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода И.И.(19) од с. Слатино...

На 17.02.2024 во 20.50 часот во с. Слатино, тетовско, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода И.И.(19) од с. Слатино.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.