Кина

Северозападна Кина парализирана поради снег

18.02.2024 12:04

Обилните снежни врнежи во северозападна Кина ги парализираа автопатиштата, оставајќи ги заробени луѓето во автомобилите...

Обилните снежни врнежи во северозападна Кина ги парализираа автопатиштата, оставајќи ги заробени луѓето во автомобилите.

Локалните власти соопштија дека успеале да префрлат над 40 илјади луѓе од автопатот во привремени засолништа. Најпогоден е регионот Ксинџијанг каде што белата покривка достигна речиси 80 сантиметри.

Метеоролозите викендов издадоа предупредување за студен бран со драматичен пад на температурите што ги зафати повеќето области во Кина.