Русија
Апсења на меморијалните протести за Навални
18.02.2024 12:09
Речиси 300 луѓе се уапсени на меморијалните протести во чест на руски опозиционер Навални, организирани во најмалку 31 град во Русија...

Речиси 300 луѓе се уапсени на меморијалните протести во чест на руски опозиционер Навални, организирани во најмалку 31 град во Русија.
Московската полиција апсела луѓе кои дошле да остават цвеќиња на ѕидот на тагата. Многу светски лидери посочија дека рускиот претседател Путин е одговорен за смртта на Навални.
Истражителите велат дека тој починал ненадејно, но тимот на Навални ги обвини руските власти дека се обидуваат да ги „прикријат трагите“ со тоа што одбиваат да им го предадат телото на мртвиот критичар на Кремљ на неговите роднини.
