Бугарија
Експлодираше камион со 14 тони етер во Бугарија
18.02.2024 13:45
Камион со 14 тони етер експлодираше на паркинг на царинска испостава во Казанлак, централна Бугарија...

Камион со 14 тони етер експлодираше на паркинг на царинска испостава во Казанлак, централна Бугарија. Во инцидентот нема жртви. Камионот пристигнал од Германија и носел етер за фабрика за оружје што се наоѓа во близина на царинската испостава, што дополнително ја зголеми загриженоста.
Од безбедносни причини областа и натаму е затворена. Детални извештаи сè уште нема, но за истражителите е чудно што камионот бил поделен на два дела што ја потврдува експлозијата, но нема видлив извор на палење.
