Русија

И покрај притворите Русите и денеска положуваат цвеќе во чест на Навални

18.02.2024 20:38

Над 400 луѓе биле приведени во Русија додека му оддавале почит на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој почина во затворската казнена колонија...

Над 400 луѓе биле приведени во Русија додека му оддавале почит на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој почина во затворската казнена колонија.

Московската полиција апсела луѓе кои дошле да остават цвеќиња на ѕидот на тагата. Многу светски лидери посочија дека рускиот претседател Путин е одговорен за смртта на Навални. Истражителите велат дека тој починал ненадејно, но тимот на Навални ги обвини руските власти дека се обидуваат да ги „прикријат трагите“ со тоа што одбиваат да им го предадат телото на неговите роднини. Според руска „Новаја Газета“ телото на рускиот опозиционер се наоѓа во мртовечницата на болницата во Салехард.

Јулија Навални, сопругата на рускиот опозициски лидер утре ќе присуствува на седницата на Советот за надворешни работи на Европската Унија, соопшти високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.