Временска прогноза
Сончево со мала до умерена облачност
19.02.2024 07:59
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Во текот на ноќта почнувајќи од југоисточните делови, облачноста ќе се зголемува.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер.
