мвр
243 санкционирани возачи во Скопје, 145 за брзо возење
19.02.2024 08:14
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови..

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 243 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 145 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 26 мерки за управување под дејство на алкохол, две санкции за поминување на затворен сигнал – црвено светло.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.
