Собрание
Координација за седницата за избор на седмиот член на ДИК
19.02.2024 08:41
На координација кај спикерот Митрески треба да биде договорено кога ќе биде гласањето за предлогот Абдуш Демири да биде седмиот член на Државната изборна комисија

На координација кај спикерот Митрески треба да биде договорено кога ќе биде гласањето за предлогот Абдуш Демири да биде седмиот член на Државната изборна комисија, за што е потребно двотретинско мнозинство.
По двомесечен застој во постапката, Комисијата за избори и именувања го утврди за единствен кандидат. Највисокиот изборен орган има 7 члена, од кои четворица се избираат по предлог на власта, а тројца од опозиција.
