Политика

За Статутарната комисија на Алијанса, Таравари е претседател

19.02.2024 08:47

Од Статутарната комисија на Алијанса за Албанците велат дека конгресот на групата незадоволници е незаконски и сериозно го прекршува Статутот на партијата...

Од Статутарната комисија на Алијанса за Албанците велат дека конгресот на групата незадоволници е незаконски и сериозно го прекршува Статутот на партијата, бидејќи постапките на вонредниот конгрес на кој се одлучува за разрешување на претседателот на партијата ги води Комисијата. Четворицата членови велат дека учествувале на легитимниот конгрес на Алијанса за Албанците, на 16-февруари, под раководство на претседателот Арбен Таравари.

Единствениот член кој застана зад групата на незадоволни е Атнан Незири.