МВР

МВР преку СМС пораки до граѓаните за готовите пасоши

19.02.2024 08:47

Граѓаните кои се сликале за пасош во пунктовите во МРТ и во „Пролет“, а сè уште не ги подигнале, од денеска ќе добиваат СМС пораки кога да ги подигнат.

Граѓаните кои се сликале за пасош во пунктовите во МРТ и во „Пролет“, а сè уште не ги подигнале, од денеска ќе добиваат СМС пораки кога да ги подигнат. Истото ќе можат да го проверат и на веб-страницата МВР-гов-мк. Целта е за да не се прави гужва на пунктовите, велат од МВР.

Болните кои немаат соодветни патни исправи за да заминат на лекување во странство, ќе ги добиваат со соодветна приложена документација и без чекање, најави техничкиот министер за внатрешни Тошковски.