МВР

Свечена церемонија по повод одбележување на Денот на Одделот за заштита на определени личности и објекти

19.02.2024 09:03

Денеска ќе се одржи свечена церемонија по повод одбележување на Денот на Одделот за заштита на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи.

Денеска ќе се одржи свечена церемонија по повод одбележување на Денот на Одделот за заштита на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи.

Настанот ќе се одржи пред објектот на Одделот за заштита на определени личности и објекти.

Предвидено е официјални обраќања да имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев и началникот на Одделот за заштита на определени личности и објекти Александар Нацевски.