Телото на Навални не може да се види
Протестите низ земјата не стивнуваат...

На мајката и адвокатите на рускиот опозиционер Алексиј Навални, не им било дозволено да го видат неговото телото, но добиле потврда од вработените во болницата во Салехрад дека тој се наоѓа таму, како што претходно објавија медиумите-соопшти портпаролката на Навални, Кира Јармиш.
„Инспекторите од истражниот комитет вршат истрага. Продолжуваме да го чекаме официјалниот заклучок за смртта и предавање на телото“, изјави Кира Јармиш, портпаролка на Алексеј Навални.
Сопругата на Путиновиот критичар ќе присуствува на седницата на советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел на кој треба да биде испратена силна порака за поддршка на борците за слобода во Русија. Протестите низ земјата не стивнуваат. Приведени се стотици демонстранти.
