Украина

Украинскиот град Авдијевка под целосна руска контрола

19.02.2024 09:43

Во соопштението на руската одбрана се истакнува дека во неа биле стационирани украински единици...

Руската армија тврди дека ја зазела фабриката за кокс во Авдијевка-последното упориште на Украинците во северозападната периферија на градот. Во соопштението на руската одбрана се истакнува дека во неа биле стационирани украински единици.

Во недостиг на муниција, украинската војска пред два дена се повлече од позициите во Авдијевка по што американскиот претседател Бајден соопшти дека војниците херојски се бореле и апсурдно е сега да се повлечат. Го увери Зеленски дека Конгресот ќе ја изгласа помошта за Киев.

По заземањето на тоа што остана од Авдијевка, Русите продолжуваат со нападите врз блиската Маринка. Украина сè уште држи речиси половина од регионот Доњецк, чие заземање е цел на инвазијата на Путин.