ДЛУМ

Биеналната изложба „Зимски салон 2024“

19.02.2024 09:48

„Интимност и интерконекција“ е насловот на биеналната изложба „Зимски салон 2024“ која Друштвото на ликовните уметници на Македонија...

„Интимност и интерконекција“ е насловот на биеналната изложба „Зимски салон 2024“ која Друштвото на ликовните уметници на Македонија ќе ја отвори в четврток (22 февруари) во 20 часот во Чифте амам.

Ова е една од традиционално најзначајните групни изложби која претставува селекција на ликовна продукција на тема одредена од интернационален куратор.

Годинава селектор на делата е Оксана Карповец, кураторка од Украина чиј концепт претставува истражувачко поле во кое уметниците ги претставуваат сопствените релации со темата во различни ликовни медиуми. Селективноста на изложбата од куратор со значајно интернационално реноме овозможува во просториите на националната галерија „Чифте Амам“ да бидат изложени дела со висок квалитет.