Израел

Тел Авив ја постави црвената линија

19.02.2024 09:50

Бригадата на терористите во Кан Јунис е разбиена – тврди одбраната. Најмалку 200 милитанти се предале во главната болница Насер која веќе е нефункционална...

Израел ја постави црвената линија – доколку заложниците не се ослободат до Рамазан, копнените сили ќе влезат во Рафах и покрај растечкиот притисок на меѓународната заедница. Бригадата на терористите во Кан Јунис е разбиена – тврди одбраната. Најмалку 200 милитанти се предале во главната болница Насер која веќе е нефункционална.

„Непријателот го изгубил борбениот дух-ова е главната работа. Хамас нема доверба во своите команданти, многу очигледно. Бригадата Кан Јунис повеќе не функционира како воен ентитет на кој било начин“, изјави Јоав Галант, министер за одбрана на Израел.

Бразилскиот претседател Лула да Силва ја спореди војната во Газа со Холокаустот на што премиерот Нетанјаху му одговори дека е вирулентен антисемитист.

„Она што се случува со палестинскиот народ, не постои во ниту еден друг историски период. Всушност, тоа се случи кога Хитлер реши да ги убие Евреите. Она што се случува во Појасот Газа не е војна, тоа е геноцид“, изјави Луиз Инасио Лула да Силва, претседател на Бразил.

Нетанјаху и достави на владата резолуција со која се отфрла едностраното прогласување на палестинска држава, како одговор на наводниот американски план да одреди „цврст рок“ за создавање на Палестина.