мвр
208 санкции за сообраќајни прекршоци изминатиот викенд на територија на СВР Битола
19.02.2024 09:53
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (16/17/18.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 208 возачи, меѓу кои 145 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 15 мерки за возење под дејство на алкохол, 15 санкции за управување без возачка дозвола, седум санкции за користење на мобилен телефон.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.
