БиХ
Силен земјотрес во Сараево
19.02.2024 10:02
Епицентарот на земјотресот е регистриран на 10 километри северно од Сараево на длабочина од шест километри...

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала, ја погоди Босна и Херцеговина околу 9 часот и 20 минути. Епицентарот на земјотресот е регистриран на 10 километри северно од Сараево на длабочина од шест километри.
Земјотресот се почувствувал во поширокото подрачје на Сараево, пишуваат босанските медиуми. Граѓаните на Сараево, но и на околните градови, сведочат дека земјотресот траел и до десет секунди, но и дека бил многу силен.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
