Мбапе и Реал потпишаа петгодишен договор

19.02.2024 10:14

Французинот ќе биде најплатен фудбалер во Мадрид, со плата од 15 до 20 милиони евра годишно по оданочување...

Килијан Мбапе потпиша 5-годишен договор со Реал Мадрид. На крајот од сезоната напаѓачот ќе го напушти Пари Сен-Жермен како слободен играч и од 1 јули ќе стане играч на мадридскиот клуб, објави „Марка“.

Според шпанскиот спортски весник, Мбапе склучил договор со Реал пред две недели.

Французинот ќе биде најплатен фудбалер во Мадрид, со плата од 15 до 20 милиони евра годишно по оданочување. Покрај тоа, предвидени се и бонуси.