Концерт

„Хармонија“ – Бернштајн, Гершвин и Гулда во изведба на Филхармонија

19.02.2024 10:27

Диригент е маестро Мануел Хернандез- Силва од Венецуела/ Шпанија...

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт на кој како солист ќе настапи српскиот виолончелист кој со интернационална кариера – Драган Ѓорѓевиќ.

Концертот е насловен „Хармонија“, а диригент е маестро Мануел Хернандез- Силва од Венецуела/ Шпанија.

На програмата се Концертот за виолончело и дувачки оркестар од Фридрих Гулда, симфониските танци „Приказна од западната страна“ од Леонард Бернштајн и симфониската поема „Американец во Париз“ од Џорџ Гершвин.