Оставки на лекарите во Јужна Кореја поради политиката на Владата
Лекарската фела смета дека зголемувањето на бројот на студенти по медицина за 2.000, почнувајќи од 2025-та е премногу нагло...

Лекарите приправници во Јужна Кореја почнаа масовно да поднесуваат оставки во знак на протест против владината медицинска политика за зголемување на бројот на студенти, примени на медицинските факултети поради дефицитарниот кадар во руралните средини. Лекарската фела смета дека зголемувањето на бројот на студенти по медицина за 2.000, почнувајќи од 2025-та е премногу нагло. Наместо тоа, велат, подобро би било средствата да ги искористат за да ги зголемат медицинските такси, кои се премногу ниски.
„Нивното напуштање на работата е како да ги држат Јужнокорејците во заложништво. Не го поддржувам тоа. Треба да најдат компромис со Владата, изјави Ким Сунг Бум, пензионер.
„Се спротивставувам на нивната одлука. Факт е дека немаме доволно лекари во земјата, треба да се создаде поголем кадар. Не е во ред да се противат на тоа“, изјави Ким Ман Јеон, канцелариски работник.
