Србија

Авион на Маратон Ерлајнс принудно слета на аеродромот во Белград со дупка на трупот

19.02.2024 11:39

Во авионот во тој момент имало 106 патници, а штетата настанала при полетувањето од белградскиот аеродром кога удрил во светлосната сигнализација на крајот од пистата...

Авион на Маратон Ерлајнс, авиокомпанијата која врши летови за Ер Србија, принудно слета на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград со дупка на трупот и оштетено крило.

Во авионот во тој момент имало 106 патници, а штетата настанала при полетувањето од белградскиот аеродром кога удрил во светлосната сигнализација на крајот од пистата.

Ер Србија објави дека летот JU324 од Белград до Дизелдорф, со кој управува партнерска компанија, е вратен во Белград поради технички причини.

Безбедноста на патниците во ниту еден момент не била загрозена.