Ленард е разликата, Спарс повторно го гледаат пехарот

13.06.2014 10:45

Во буквално репризата на третиот меч, предизвикувачот води со 3:1, во салата каде што минатата сезона му се лизна титулата од рацете...

Со 20 поени и со 14 скокови, 22 годишниот играч на Сан Антонио повторно беше најзаслужниот за убедливата победа (86:107) против Мајами. Во буквално репризата на третиот меч, предизвикувачот води со 3:1, во салата каде што минатата сезона му се лизна титулата од рацете.
 
Тим Данкан, со 11 поени и со 10 скокови, изби сам на врвот на вечната листа на кошаркари со најмногу дабл-дабл учиноци во постсезоната. Сега има 158, зад него е Меџик ЏОнсон со 157. Центарот на Спарс го помина и Карим Абдул Џабар, на врвот на вечната листа со најмногу минути одиграни во НБА плеј оф натпреварите.
 
Изненадувачки за обичниот свет, но не и за оние што го познаваат генералот Грег Попович, офанзивата на Сан Антонио уште еднаш течеше безгрешно преку Борис Диао, кој што нанижа 9 асистенции, повеќето во клучните моменти.
 
Спарс имаат три меч топки, но како си поигруваа со двојниот шампион на последните два меча, се чини ќе им биде потребна само една, уште во следниот натпревар што се игра во Тексас. Сан Антонио има 4 титули во 5 финалиња, под команда на Попович. Колку е потентна тимската игра што е клучно во вакви големи натпревари, говорат 25-те тимски асистенции на Сан Антонио, наспроти 13 на Мајами и 4-те блокади, наспроти само една на Хит.
 
Леброн Џејмс постигна 28 поени, патем имаше и 8 скокови, но немаше помош од неговите соиграчи. Двејн Вејд постигна мизерни за едно финале 10 поени, со шут 1/10 во првите три четвртини. Оваа серија, барем за Леброн, наликува на лошите спомени од Кливленд, кога едноставно немаше потпора во својот тим.
 
Ниту една франшиза низ историјата не успеала да направи финален пресврт, по негатива 1:3. Одговорот на Спарс за минатосезонскиот пораз во 7 финални меча, е застрашувачки. Тие се првата екипа по Портланд во 1977-та година, што врзува два меча со просек од +19 по натпревар. Двата дуела во Мајами, завршија со комбинирани 40 разлика за Сан Антонио.
 
Најдобрата екипа во регуларниот дел оваа сезона, има и најмногу победи со +15 (11) во една НБА постсезона, што може да биде и најголемиот гостински диференцијал во историјата на НБА финалињата, под услов Спарс да победат со 4:1, затоа што не знаеме што би се случило во следниот меч што би се одиграл во Мајами.
 
Следните три натпревара, ако се потребни, се играат најизменично, во тексас, на Флорида и повторно во Тексас.