Македонија

АХВ им наложи на фармерите мерки за спречување на ширењето на африканската чума

19.02.2024 13:27

Според директорот на АХВ, Николче Бабовски, дефинирани се неколку нелегални фарми во Скопје и затоа мора да се преземат сите мерки за заштита...

Агенцијата за храна и ветеринарство на фармерите кои чуваат свињи без разлика дали имаат мала или голема фарма, итно им наложи да преземат безбедносни мерки за да се спречи ширењето на болеста африканска чума која е присутна и во Македонија. Според директорот на АХВ, Николче Бабовски, дефинирани се неколку нелегални фарми во Скопје, и затоа мора да се преземат сите мерки за заштита.

Известува Борис Грујоски