Нови цени од полноќ

Еуродизелот и екстра лесното масло поскапуваат за денар

19.02.2024 14:04

Новата цена на еуродизелот ќе биде 80,5, а на екстра лесното масло за домаќинство 77,5 денари за литар.

Малопродажните цени на еуродизелот и на екстра лесното масло за домаќинство од полноќ се зголемуваат за еден денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на еуродизелот ќе биде 80,5, а на екстра лесното масло за домаќинство 77,5 денари за литар.

Малопродажните цени на бензините не се менуваат.

За 1,149 денари поскапува мазутот и еден килограм ќе чини 41,881 денари.