Фон дер Лајен ќе се кандидира за втор мандат на чело на ЕК
Таа им се заблагодари на демохристијаните за одлуката да биде водечки кандидат...

Ќе се кандидирам за втор мандат за претседателка на Европската комисија, изјави во Берлин, Урсула Фон дер Лајен, по средбата со раководството на Демохристијанската партија.
„Европа се фокусира на иднината и на следните обврски. Договорот за миграцијата мора да влезе во сила за да ја зајакнеме Европа на надворешните граници. Мораме да ги зголемиме одбранбените капацитети, особено воената индустрија. Но над сè, она што ја определува Европа, а тоа е демократијата, тоа се нашите вредности“, нагласи Фон дер Лајен.
Таа им се заблагодари на демохристијаните за одлуката да биде водечки кандидат на конференцијата на Европската народна партија предвидена за март, во пресрет на јунските европски избори.
