Ракомет-Сеха лига

Како на „Final Four“

06.12.2013 11:33

По серијата настапи во елитната лига на шампионите, двата македонски најуспешни колективи се пред сериозни предизвици во СЕХА регионалното натпреварување. Ракометарите на Металург утре ќе му гостуваат на бранителот на трофејот и водечкиот состав во лигата Загреб, додека во салата на СРЦ Кале во Скопје екипата на македонскиот шампион Вардар ќе го пречека составот на Брест Мешков. Според позициите на табелата и амбициите на екипите ,двата меча што ќе се играат речиси истовремено, го носат епитетот дерби на лигата и наликуваат на полуфинални дуели од турнирот на најдобрите 4.

По серијата настапи во елитната лига на шампионите, двата македонски најуспешни колективи се пред сериозни предизвици во СЕХА регионалното натпреварување. Ракометарите на Металург утре ќе му гостуваат на бранителот на трофејот и водечкиот состав во лигата Загреб, додека во салата на СРЦ Кале во Скопје екипата на македонскиот шампион Вардар ќе го пречека составот на Брест Мешков. Според позициите на табелата и амбициите на екипите ,двата меча што ќе се играат речиси истовремено, го носат епитетот дерби на лигата и наликуваат на полуфинални дуели од турнирот на најдобрите 4. Загреб води на табелата со 30 бодови од 11 натпревари, Вардар е трет со 22 бода од 10 средби, зад него е Металург со 15 од 8, а Брест Мешков е петти со 12 бодови, но од само 7 натпревари, па и натаму е со амбиции и реални шанси во битката за првите 4 места. Во викендот што претстои одличниот Татран од втората позиција на табелата како голем фаворит ќе и гостува на Војводина, а в Недела ќе биде одигран и натпреварот меѓу Борац и Нексе.

Македонската телевизија утре ( Сабота) ќе им понуди  единствено ракометно доживување на своите гледачи на првиот програмски сервис со комбиниран пренос од натпреварите Загреб-Металург што ќе почне во 17 часот и 30 минути и од дуелот Вардар-Брест чиј старт е 15 минути подоцна.

Според календарот на Сеха лигата до крајот на годината за нашите претставници претстои и големото меѓусебно дерби закажано за 17 декември, а дотогаш Металург на 14 декември ќе го одигра и реваншот против Загреб на домашен терен.

 

Зоран Видевски