Патни исправи

Европски земји кренаа рампа за неизменети пасоши

19.02.2024 16:36

Швајцарија и Германија ги кренаа рампите за македонските пасоши со старото уставно име. Олеснет процесот на давањето услуги на нашите сограѓани вели шефот на дипломатијата Османи. Министерот Тошковски побара Предлог- законот за пасошите да биде изгласан во Законодавниот дом. Според него срамно пасош стариот пасош се употребува во некои земји, а не може да се употреби во Македонија...

Економскиот интерес ги менува правилата. Дел од високоразвиените европски земји ги кренаа рампите за македонските пасоши со старото уставно име. Веројатно ризикот од празнење на работните места поради неможноста нашите сограѓани да стигнат таму, ги убеди властите во овие земји да ги толерираат оние кои не успеале да добијат документи. Меѓу првите кои веќе донесе одлука е Швајцарија, потврди шефот на македонската дипломатија, Османи

„Со одлуката на Швајцарија да им дозволи на нашите државјани да патуваат и со старите пасоши односно со старите документи, ни е олеснет процесот на давањето услуги на нашите сограѓани“, изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Истовремено техничкиот министер за внатрешни Тошковски кој ја потврди информацијата побара Предлог-законот за пасошите да биде изгласан од пратениците. Според него срамно било што македонскиот пасош со старото име се употребува во Германија, Швајцарија, Албанија, но како што рече не можело да се употреби во земјава. Лидерот на владејачката СДСМ Ковачевски посочи дека жали што граѓаните морале да ја поминуваат ситуацијата кога се вадеа биометриските пасоши.

Граѓаните сепак ќе треба да си ги заменат пасошите бидејќи оваа толеранција не се знае до кога ќе биде овозможена од другите земји.

 

 

Фиљана Кока