МВР
Тетовец си го нападнал 90-годишниот татко
19.02.2024 17:59
Синоќа на улицата „Ѓорче Петров“ полицијата од Тетово го уапсила С.А. (69) кој претходно бил пријавен дека се однесувал агресивно и физички го нападнал неговиот деведесетгодишен татко...

Синоќа на улицата „Ѓорче Петров“ полицијата од Тетово го уапсила С.А. (69) кој претходно бил пријавен дека се однесувал агресивно и физички го нападнал неговиот деведесетгодишен татко.
Тој е задржан во полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок, соопшти МВР.
