Влада

Џафери ќе го посети кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“

20.02.2024 07:58

Техничкиот премиер Талат Џафери заедно со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири денеска ќе го посетат кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, кој се наоѓа во склопот на поранешната касарна Илинден...

Претседателот на техничката влада на Република Северна Македонија, Талат Џафери заедно со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири денеска ќе го посетат кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, кој се наоѓа во склопот на поранешната касарна Илинден.

Како што најавија од владината прес-служба, по посетата, предвидени се изјави за медиумите.