Струшките угостители подготвени, стружани со голем интерес го пратат првенството

13.06.2014 11:42

Кафулињата, рестораните и сите угостителски објекти во Струга се спремни за ова фудбалско доживување...

Струга како спортски град кој е познат по пливањето и ракометот, е спремен и за ова светско првенство во фудбал. Првиот натпревар помеѓу домаќинот Бразил и Хрватска, стружани го следеа со голем интерес.

„За Хрватска навиваме, а како шампион ќе навиваме за Италија“, вели една обожавателка.

„Да биде убава утакмицата, фаворит Бразил, се знае... Бразил се рабира дека е фаворит на ова првенство, а ние ќе навиваме и за Босна... Типуваме нерешено, секогаш за аутсајдерот, а во оваа утакмица навивам за Хрватска. За шампион можеби Уругвај за мене, навивачки“, велат стружани.

Кафулињата, рестораните и сите угостителски објекти во Струга се спремни за ова фудбалско доживување.

„Кафе бар Пливалиште е спремно, како што гледате, за претсојнава сезона како и тоа што започна и светското првенство во Бразил. Спремни сме со телевизори, видео бимови, со пијалоци за да можат нашите гости во Струга како и странските туристи да можат пријатно да уживаат во оваа атмосвера“, вели угостителот Никола Бебекоски. 

Сите љубители на спортот во наредните 30 дена ќе уживаат во сите 64 натпревари на Македонската телевизија.

 

Јованчо Наумоски