Временска прогноза

Променливо облачно со слаб дожд

20.02.2024 08:00

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.