МЗШВ

Министерот Николовски во посета на земјоделците од Виница

20.02.2024 08:04

Во рамки на планираните активности министерот Николовски во селото Блатец, општина Виница, ќе оствари посета на Наум Тренчевски, мал производител на храна добитник на грант до 10.000 евра за набавка на опрема за производство...

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе биде во работна посета на општина Виница.

Во рамки на планираните активности министерот Николовски во селото Блатец, општина Виница, ќе оствари посета на Наум Тренчевски, мал производител на храна добитник на грант до 10.000 евра за набавка на опрема за производство. Како што најавија од Министерството, по завршувањето на посетата министерот Николовски ќе даде изјава за медиумите.

Дополнително министерот Николовски ќе оствари посета и на мали производители на вино, добитници на грант за поддршка на малите винарии, како и средби со земјоделци и сточари од Виница.