мвр

209 санкционирани возачи во Скопје

20.02.2024 08:17

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 209 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, 11 за користење мобилен телефон при управување, осум мерки за некористење на сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.