свет
ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија по смртта на Навални
20.02.2024 08:33
Германската министерка за надворешни Бербок рече дека алатката на Унијата која дозволува санкции за сериозно кршење на човековите права ќе се користи за да се казни Русија за смртта на Навални...

Германија и други земји од ЕУ предложија воведување нови санкции за Русија по смртта на критичарот на Кремљ и политички лидер на опозицијата Алексеј Навални. Германската министерка за надворешни Бербок рече дека алатката на Унијата која дозволува санкции за сериозно кршење на човековите права ќе се користи за да се казни Русија за смртта на Навални.
И американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека размислува за дополнителни санкции против Русија.
