свет

САД предложија резолуција во Советот за безбедност на ОН за прекин на огнот во Газа

20.02.2024 08:41

Во американската Нацрт-резолуција, се наведува дека „во сегашните услови, голема копнена офанзива во Рафа ќе доведе до дополнително страдања на цивилите и раселувања“...

САД предложија резолуција во Советот за безбедност на Обединетите Нации со која се изразува поддршка за привремен прекин на огнот во Газа што е можно поскоро. Во американската Нацрт-резолуција, се наведува дека „во сегашните услови, голема копнена офанзива во Рафа ќе доведе до дополнително страдања на цивилите и раселувања“.

САД претходно, соопштија дека ќе стават вето на резолуцијата предложена од Алжир која треба денеска да биде ставена на гласање во седиштето на ОН во Њујорк.