Зеленски: Ситуацијата на фронтот е тешка
Украинскиот претседател Зеленски вели дека ситуацијата на фронтот е тешка, а Русија го користи доцнењето на помошта за Украина.

Украинскиот претседател Зеленски вели дека ситуацијата на фронтот е тешка, а Русија го користи доцнењето на помошта за Украина. Канада испраќа 800 беспилотни летала во Киев, кои се потребни за откривање и идентификација на цели клучни за украинската борба, објави канадскиот министер за одбрана Бил Блер.
„Ситуацијата е исклучително тешка во неколку делови од линијата на фронтот, каде што руските војници собраа максимални резерви. Тие го користат доцнењето на помошта за Украина. Има дефицит од артилерија. Постои потребата за воздушна одбрана на фронтот и за поголем дострел на нашето оружје. Работиме со нашите партнери колку што е можно повеќе за да продолжиме и да ја прошириме поддршката“, изјави Володимир Зеленски - претседател на Украина.
Руската армија е во офанзива во источна и јужна Украина и неодамна го зазедоа силно утврдениот град Авдиевка во регионот на Доњецк, што е прва голема победа на Москва по заземањето на Бахмут во мај 2023 година.
