Израел

Нацрт-резолуција на Советот за безбедност на ОН за привремен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас

20.02.2024 09:31

САД предлагаат нацрт-резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации, со која се повикува на привремен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас и се спротивставуваат на големата израелска копнена офанзива во Рафа

САД предлагаат нацрт-резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации, со која се повикува на привремен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас и се спротивставуваат на големата израелска копнена офанзива во Рафа. Од Тел Авив велат дека ако до Рамазан заложниците не се дома, борбите ќе продолжат насекаде.

„Светот мора да знае и лидерите на Хамас мора да знаат – ако до Рамазан заложниците не се дома, борбите ќе продолжат насекаде, вклучително и областа Рафа. Ќе го направиме тоа на координиран начин, олеснувајќи ја евакуацијата на цивилите, во дијалог со нашите американски и египетски партнери за да ги минимизираме цивилните жртви колку што е можно повеќе“, изјави Бени Ганц, член на воениот кабинет на Израел.

Израелските одбранбени сили објавија дека од почетокот на војната извршиле повеќе од 31.000 напади врз позициите на Хамас во палестинската енклава, како и врз цели на Хезболах во Либан. Дури и при имплементација на решение за две држави меѓу Израел и Палестинците, Тел Авив ќе ја задржи воената контрола врз сите палестински територии, изјави синоќа израелскиот премиер Нетанјаху.