Лондон

Асанж почнува правна битка против екстрадицијата во САД

20.02.2024 09:35

Адвокатите на основачот на Викиликс Џулијан Асанж почнуваат процес што би можел да биде негов последен обид да избегне екстрадиција во САД каде што се соочува со судење и долги затворски казни за оддавање воени тајни...

Адвокатите на основачот на Викиликс Џулијан Асанж почнуваат процес што би можел да биде негов последен обид да избегне екстрадиција во САД каде што се соочува со судење и долги затворски казни за оддавање воени тајни.

На дводневното рочиште во Високиот суд во Лондон се очекува неговиот правен тим да инсистира да му се дозволи целосна жалба. Нема гаранција дека ќе биде одобрено, а доколку биде одбиено, тој може да биде предаден на американските власти во рок од неколку недели.

Поддржувачите на основачот на Викиликс велат дека тој открил неправилности, но според САД, Џулијан Асанж загрозил многу животи.