Германија
Грчките земјоделци попладнево на протест пред Парламентот во Атина
20.02.2024 09:43
Грчките земјоделци попладнево на протест во центарот на Атина пред Парламентот. Ќе ги повторат нивните барања...

Грчките земјоделци попладнево на протест во центарот на Атина пред Парламентот. Ќе ги повторат нивните барања, иако премиерот Мицотакис претходно посочи дека Владата нема што повеќе да им даде. Земјоделци изминатиот вторник се сретнаа со грчкиот премиер и добија дополнителни мерки за поддршка.
По средбата земјоделците коментираа дека не биле исполнети сите нивни барања и донесоа одлука да одржат протест во Атина. Демонстрациите траат речиси еден месец со над 55 блокади низ целата земја. Повремено се блокираат патишта, автопатишта и гранични премини, како што е случај со премините Меџитлија и Богородица кон Северна Македонија.
