ГЕРМАНИЈА

Млад Македонец претепан до смрт во Германија

20.02.2024 09:50

Триесет и двегодишен Македонец викендов бил убиен од страна на двајца Еритрејци во центарот на германскиот град Есен...

Триесет и двегодишен Македонец викендов бил убиен од страна на двајца Еритрејци во центарот на германскиот град Есен. По расправија, кавгата се претворила во тепачка во која македонскиот државјанин бил претепан со шише од пиво.

Сведок на настанот веднаш му пружил прва помош и се обидел да го реанимира повредениот кој бил онесвестен, но веднаш потоа починал во болница како последица на повредите.

Полицијата успеала да уапси еден осомничен, на возраст од 25 години, на железничката станица во Есен, а другиот, 29-годишен, на железничката станица во Милхајм.

Комисија за убиство го истражува случајот под раководство на Јавното обвинителство во Есен.