Атлетика

Дарио Ивановски постави нов македонски рекорд на маратонот во Шпанија

20.02.2024 10:46

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски на маратонот во шпанскиот град Севилја, на кој настапија повеќе од 250 маратонци од целиот свет, постави нов македонски рекорд од 2:08,25 часа.

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски на маратонот во шпанскиот град Севилја, на кој настапија повеќе од 250 маратонци од целиот свет, со цел да исполнат норма или да остварат што подобар резултат за настап на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз годинава и за Европското првенство (ЕП) во атлетика во Рим (Италија), постави нов македонски рекорд од 2:08,25 часа.

Ивановски сигурно ќе напредува на ранг-листата за учество на Летните олимписки игри во Париз годинава, но настапот уште не е обезбеден.

На маратонот во Севилја, Дереса Гелета од Етиопија забележа најдобар светски резултат годинава со време 2:03,27 часа и се пласира меѓу првите 20 на вечната листа на машкиот светски маратон, а неговата сонародничка Азмера Гебру победи во трката за атлетичарки, со време 2:22,13 часа, пишува Светската атлетика. Вкупно 12 атлетичари имаа време побрзо од 2:08 часа, а 14 атлетичарки имаа резултат побрз од 2:25 часа.