Светски ден на социјалната правда
На Генералното собрание на Обединетите нации, одржано во ноември 2007-ма година, со резолуција, 20-ти февруари беше прогласен за Светски ден на социјалната правда...

Денес во светот се одбележува Денот на социјалната правда. На Генералното собрание на Обединетите нации, одржано во ноември 2007-ма година, со резолуција, 20-ти февруари беше прогласен за Светски ден на социјалната правда.
Резолуцијата на ОН укажува на потребата од обединување на меѓународната заедница за искоренување на сиромаштијата, зголемување на вработеноста и достоинствената работа, обезбедување родова еднаквост и овозможување еднакви можности, социјална благосостојба и правда за сите.
Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на социјалната правда, ОН нагласуваат дека социјалната правда е камен-темелник на мултилатерализмот, кој им овозможува на општествата и економијата подобро да функционираат и игра важна улога во обезбедувањето инклузивен и одржлив социо-економски раст.
