Претставата „Нора – Куќа за кукли“ вечер во театарот во Белград
На сцената на „Битеф“ театар во Белград вечер ќе биде изведена претставата „Нора – Куќа за кукли“ по текстот на Хедрик Ибзен а во режија на Теодора Силјаноска.

На сцената на „Битеф“ театар во Белград вечер ќе биде изведена претставата „Нора – Куќа за кукли“ по текстот на Хедрик Ибзен а во режија на Теодора Силјаноска. Претставата е дел од годинешната селекција на „Битеф“ театар за „Месецот на независна сцена“.
Оваа претстава е првата во продукција на Интернационалниот театарски Фестивал – ИНТЕФ од Србија и е создадена како прва претстава во продукција на фестивалот во соработка со наградените учесници на претходните фестивали од Србија и Северна Македонија. Овој драмски текст се занимава со разбирање на другите и емпатија, преку комплицирани човечки односи, но и потрага по лична слобода како еквивалент на потрагата по среќа. Атрактивноста на овој текст секако е присутна и денес бидејќи силно зборува за жената и нејзиното место во општеството.
Во претставата играат македонските актери Марија Кондовска и Ане Блажовски, заедно со колегите од Србија Оливера Гуцониќ, Душан Симиќ, Танасије Цакиќ, Вања Павловиќ, Ивана Јокиќ.
Фото ФБ: Битеф театар
