Груби: Неделава ќе се обелодени името на претседателскиот кандидат на ДУИ
Во однос на објавите во медиумите дека Бујар Османи ќе биде претседателски кандидат на ДУИ, Груби рече дека тој би бил одличен кандидат, но дека за ова не е разговарано, ниту е одлучено во партијата...

Неделава ќе се обелодени името на претседателскиот кандидат на ДУИ, вели во интервју за емисијата „360 Степени“, министерот Артан Груби. Додава, се споменуваат повеќе личности за функцијата.
Во однос на објавите во медиумите дека Бујар Османи ќе биде претседателски кандидат на ДУИ, Груби рече дека тој би бил одличен кандидат, но дека за ова не е разговарано, ниту е одлучено во партијата.
Демократската унија за интеграција сè уште нема одлука кој ќе биде нејзин кандидат за претседател на државата, бидејќи прашањето не е дискутирано во партиските органи. Бујар Османи би можел да биде одличен кандидат. Но, тој не води кампања за претседателски кандидат, затоа што за ова не е разговарано ниту е одлучено во ДУИ. Но, ќе мора да се донесе одлука наскоро, затоа што на 23-ти февруари почнува собирањето на потписи што би требало да трае до 8-ми март. Така што неделава ќе дознаеме кој е кандидат на ДУИ и кој ќе биде победник во албанскиот блок, со можност исто така да помине и во вториот круг, рече Груби.
Груби потврди дека претседателот Стево Пендаровски не може да се надева на поддршката на ДУИ во првиот круг од изборите.
Целото интервју со министерот Артан Груби во емисијата „360 Степени“ погледнете го на следниот ЛИНК
