Претрес во гостиварско, пронајдена дрога
При преглед во патничко возило „фолксваген фокс“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал Г.А., а сопатник бил У.И., бил пронајден кокаин.

На магистралниот пат Охрид - Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево вчера ги лишиле од слобода Г.А.(48) и У.И.(54) двајцата од с.Форино, гостиварско.
При преглед во патничко возило „фолксваген фокс“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал Г.А., а сопатник бил У.И., бил пронајден кокаин. Подоцна, во 23.50 часот, со судска наредба, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар извршиле претрес во домот на У.И. во с.Форино, при што биле пронајдени кокаин и дигитална вага.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштуваат од МВР.
