Баерн сака Зидан да го наследи Тухел
20.02.2024 11:58
Неговото искуство е високо ценето на „Алијанц Арената“. Французинот моментално е без тим и би можел веднаш да ги преземе Баварците.

Раководството на Баерн Минхен го посакува Зинедин Зидан како можен наследник на Томас Тухел. Баварците решија да ја завршат сезоната со актуелниот тренер, но имаат и резервни планови доколку ситуацијата во клубот се влоши уште повеќе.
Еден од потенцијалните наследници на Тухел и поранешен тренер на Реал Мадрид. Неговото искуство е високо ценето на „Алијанц Арената“. Французинот моментално е без тим и би можел веднаш да ги преземе Баварците.
Договорот на Томас Тухел е до летото 2025 година. Во оваа фаза се чини малку веројатно дека ќе го исполни.
